петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Шекеринска: Сакаме до крајот на март да ги видиме контурите на решението за името

Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порача вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат – рече Шекеринска во интервју за ТВ Телма.

Таа посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на наша страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.

– Ако се сака да има договор кој ќе биде прифатен од двете држави треба прашањето да се реши на чесен и достоинствен начин. Одлуките ќе се носат во јуни и во јули. Сакаме до крајот на март да се гледаат контурите на некакво решение, но нема да дозволиме роковите да нѐ притискаат, бидејќи треба да добиеме добар договор и за Македонија и за Грција – рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top