понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Џамбаски: Демонтирањето на „бугарскиот национален револуционер“ е добра вест

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е задоволен од дислоцирањето на Андон Ќосето, бидејќи тој неговото поставување пред судот во Скопје го доживеал како навреда.

„Одлични вести за бугарската кауза во  Македонија. Андон Ќoсето е една од истакнатите личности на ВМРО, заслужен бугарски национален револуционер, докажан бугарски борец. Ставањето на овој споменик беше провокација против бугарската историја. Неговото дислоцирање е спроведување на Договорот за соседство. Браво“, пишува на својот Фејсбук профил европратеникот од редовите на партијата на Каракачанов.

Понатаму тој продолжува иронично да коментира:

„Само Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да се побара готовиот споменик и да го инсталираме во Благоевград, на пример. Затоа што тој (Ќосето) умрел таму во 1953 година“.

Џамбаски нуди и повеќе информации за Андон Ќосето на овој линк:

„Повеќе информации за Andon Kioseto тука – https://goo.gl/doZNcU“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top