петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

ПСЖ и Реал Мадрид во дуел за Икарди

Постои голема можност екипата на Интер по крајот на оваа натпреварувачка сезона да остане без услугите на својот капитен и најдобар напаѓач, Мауро Икарди, особено ако клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

И во случај „нероаѕурите“ да дојдат до најелитното натпреварување проблемот со Икарди нема да биде така решен, бидејќи на неговата врата чукаат два големи клубови. Тоа веќе го посочи неговата сопруга Ванда Нара која не откри имиња, но затоа денеска „Кориере Дело Спорт“ објави кои се тие- ПСЖ и Реал Мадрид.

Лидерот во Франција е подготвен да му понуди 40 милиони за петгодишен договор со тоа што Аргентинецот би бил директна замена за Единсон Квани кој би требало да си замине на лето од таборот на „светците“. Втората опција е Реал кој сака да го замени Карим Бензема, а се споменува сума од 45 милиони евра за петгодишен договор. Сепак „кралевите“ размислуваат и за други опции како Роберт Левандовски од Баерн Минхен Хари Кејн од Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top