вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Дарио Срна доби 17 – месечна суспензија

Поранешниот хрватски репрезентативец, Дарио Срна, од страна на Националниот антидопинг центар на Украина доби суспензија во времетраење од 17 месеци. Фудбалерот на Шахтјор бил позитивен на допинг тестот направен по натпреварот со Наполи во Лигата на шампионите на 22 март минатата година.

Од тој момент Хрватот е суспендиран, а на теренот ќе може да се врати на 22 август оваа година.

35-годишниот Срна рече дека ненамерно и случајно недозволената супстанцата се нашла во неговиот организам. Токму таквата околност пресудила за поблага казна.

Срна има право на жалба до Арбитражниот спортски суд во Лозана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top