петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Инспекторот кој го потпишал решението за дислоцирање на Ќосето бил на истата позиција и кога споменикот бил поставен

Решението со кое е утврдено дека споменикот на Ќосето е дивоградба и наредбата за дислоцирање се од пред три дена и ја потпишал градежниот инспектор во општина Центар Милан Пижула, кој истата функција ја вршеше и во 2014-та кога беше поставен споменикот, објави телевизија Телма.

Споменикот е однесен во кругот на фабриката МЗТ и донаторот Здружението за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради има право да го подигне во определен рок.

Доколку не си го земе, Шилегов најави негова продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top