вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Грците вознемирени: Меркел го нарекла Заев „македонски премиер“

Грчките медиуми средбата Меркел – Заев денеска во Берлин ја забележаа главно по изјавата на канцеларката дека има посилна енергија во преговорите, но и по тоа дека Меркел го поздравила гостинот со зборовите „му посакувам добредојде на македонскиот премиер“.

Електронското издание на весникот „Прото тема“ токму оваа изјава на Меркел ја вади во наслов, пренесува Мета.

Инаку, прашана од македонски новинар, Меркел рече дека не сака многу да зборува за преговорите за името и за некакви притисоци. Сепак, го нагласи фактот дека првпат по подолго време има посилна енергија во преговорите.

„Мојот став е дека притисокот во преговорите не е од голема корист. Имам впечаток по подолго време дека двете страни се решени да преговараат. Верувам дека и вие знаете дека јавните изјави некогаш повеќе може да штетат отколку да користат. Тука треба да се најде патот, не треба на прес-конференција, туку зад затворени врати“, рече германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top