вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Селекторот постојано бил пијан, потрошил 1.200 евра на алкохол на ЕП и не знаел каде играат неговите ракометари

Српските ракометари го возвратија ударот на селекторот Јовица Цветковиќ кој ги обвини за несериозно однесување за време на Европското првенство во Хрватска.

Селекторот Цветковиќ изјави дека неговите ракометари не се однесувале професионално, постојано биле излезени во ноќен живот во Хрватска, некои од нив пред време купиле повратни билети не верувајќи дека можат да ја поминат првата фаза.

На ваквите обвинување, ракометарите на српската репрезентација со писмо му вратија на селекторот. Ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели на ракометот и љубители на спортот,

Изминатите два дена без никаква причина и основа бевме ставени на столбот на срамот „благодарение“ на „селекторот“ Јовица Цветковиќ, кој изнесе низа невистини на наша сметка. Сега дојде време ние да проговориме.

Одговорно, спортски и морално тврдиме дека секој збор изнесен од страна на Цветковиќ е ноторна лага.

Да почнеме од основното, информираност! Зарем е можно селектор на една земја да не знае во кој клуб му играат играчите?! Зарем е можно селекторот да го праша капитенот Жарко Шешум како е во Левен не знаејќи нормално дека тој веќе четири години е во Гепинген! Зарем е можно селкторот да му постави прашање на репрезентативецот Богдан Радивојевиќ: „Каде си сега мали?“ алудирајќи на клубот во кој игра, бидејќи нормално, тоа не го знаеше? Зарем е можно селекторот да оди во Скопје за да направи разговор со Алем Тоскиќ, а тој игра во Велење?

Тогаш нас не ни требаше да ни биде чудно што не ги знаеше 85% од противничките играчи.

Што со фактот дека на 86% од тренинзите не ни беше? А кога беше пушеше во салата каде се тренира! Во тренерки со грбот на Србија! На пушењето во соблекувалната пред секој натпревар навикнавме, тоа не е новост.

Ниту еднаш во текот на Европското првенство селекторот не патуваше со тимскиот автобус туку со приватно возило. Не се знаеше кога е доручек или вечера, кога се тргнува од хотелот…

За седум дена сметката во хотелот беше 1.200 евра само за алкохол! Тогаш и не е чудно што селекторот секоја вечер беше во алкохолизирана состојба. Кулминацијата беше кога во таква состојба го водеше натпреварот против Белорусија. Под дејство на алкохол го нападна и удри потпретседателот на федерацијата Драган Шкрбиќ. Да, тоа е вистина бидејќи играчите беа присутни, раздвојуваа и ги смируваа страстите.

Во најмала рака срамота и лошо е своето незнаење, неред и скандали Јовица Цветковиќ да ги правда преку наш грб. Никој од нас не излегувал, туку на Европското првенство чесно и поштено како и секогаш се боревме за својата земја.

Наша должност е да го кажеме ова бидејќи јавноста која е со нас и кога победуваме и кога губиме мора да ја знае вистината. Ние ги прифаќаме нашите грешки, но немаме причина да лажеме и измеислуваме, ние не се криеме, победите ги славиме, поразите ги признаваме.

Спортски поздрав,
репрезентативци на Србија!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top