понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Алаѓозовски: Обвинувањата за буџетот се резултат на нашата транспарентност (видео)

Четирикратно зголемена е сумата што Владата ќе ја потроши со цел развој на албанската култура. Вака министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, одговори на обвинувањата на Алијанса на Албанците. Тој рече дека се најавува и богата култура програма за Албанците, согласно со поддршката преку распределба на годишниот буџет за оваа намена, за кој медиумите и граѓаните обвинија дека е спорен.

„Целата дискусија за неправилности и обвинувања е резултат на нашата транспарентност, ние сме тие што ја повикавме јавноста да нè повикаат нас ако видат неправилности. Ако споредите со минатите години, транспарентноста отсуствуваше. Спорните проекти не се повеќе од дваесет, а средствата не надминуваат ни еден отсто од вкупната годишна програма“, рече Алаѓозовски.

Откако Министерството за култура беше обвинето дека поддржува непотизам, корупција и клиентелизам со распределбата на средствата во годишната програма, бидејќи пари добиле членови на комисиите, тој вели дека тие го повлекле нивното учество. Алаѓозовски го повика Јавното обвинителство, доколку има вакви индиции, да постапат согласно со законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top