вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Вториот човек на УНИЦЕФ поднесе оставка поради непристоен однос кон жени

Заменикот извршен директор на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Џастин Форсајт денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за непристоен однос кон повеќе жени.

Обвинувањата против Британецот Форсајт се однесуваат на периодот од 2011 до 2015 година, кога се наоѓал на раководна позиција во хуманитарната организација „Спасете ги децата“.

Форсајт, кој во УНИЦЕФ работи од 2016 година, претходно им се извини на жените, кои се почуствувале навредени поради неговото однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top