сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 72 ново

Профитот на ЕЦБ во минатата година се зголеми за 100 милиони евра

Во 2017-та година профитот на Европската централна банка (ЕЦБ) е зголемена за 100 милиони евра до 1,3 милијарди евра од 1,2 милијарди евра во претходната година и е дистрибуирана целосно помеѓу националните централни банки, објавија од регулаторот.

Нето приходот од каматите од хартиите од вредност за целите на монетарната политика достигна 1,1 милијарда евра (во споредба со 1,0 милијарди евра во 2016-та година). Билансот на „ЕЦБ“ се зголеми на 414 милијарди евра, а во 2016-та година изнесуваше 349 милијарди евра.

Ревидирани финансиски извештаи на „ЕЦБ“ за 2017-та година покажуваат дека нето добивката е зголемена за 82 милиони евра до 1,275 милијарди евра, главно како резултат на повисокиот нето приход од камати во потрфолиото во американскот долар и портфолиото на програмата за купување на средства.

Во 2017-та година нето приход од камати е во износ од 1,812 милијарди евра во споредба со 1,648 милијарди евра во 2016-та година. Нето приходот од камата на странските резервни средства расте до 534 милиони евра од 370 милиони евра од претходната година поради повеќе приходи од повисоките камати на портфолиото на американскиот долар.

Нето приходот од каматата на „ЕЦБ“, произлегува од програмата за купување на средства, пак, се зголемува со 140 милиони евра до 575 милиони евра, како резултат на тековните набавки на хартии од вредност по оваа програма.

Нето-добивката на „ЕЦБ“ е доделена на националните централни банки на еврозоната (NCBs). Првично Управниот одбор донел одлука да изврши времена распределба на добивката во вредност од 988 милиони евра на 31-ви јануари 2018-та година, а остатокот од добивката во износ од 287 милиони евра ќе се исплати на 23-ти февруари 2018-та година, се вели уште во соопштението на „ЕЦБ“.

Вкупниот биланс на состојба на „ЕЦБ“ се зголеми за 19% на 414 милијарди евра, во споредба со 349 милијарди евра во претходната година. Зголемувањето е речиси исклучиво заради хартиите од вредност стекнати според програмата за купување средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top