вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Повисоки плати за 30 проценти: За кого ќе важи новата мерка?

Со првиот ребаланс на Буџетот за 2018-та година ќе се направи покачување на платите на шумските полицајци за дури 30 отсто.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата вчера ја разгледала информација за унапредување на работничките права преку Колективен договор со што овластените службени лица во шумска полиција се стекнуваат со право на работа во смени, на ноќна работа и на празник.
Со усвојувањето на оваа информација овластените службени лица во шумска полиција ќе имаат околу 30 отсто повисоки примања во текот на секој месец, со тоа што оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година.
Владата го задолжила МЗШВ во рамки на буџетските можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата.
извор: vrabotuvanje.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top