петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Просечната нето-плата во декември изнесувала 23.850 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,8 отсто), преработувачка индустрија (9,3 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,9 отсто).

Просечната бруто-плата пак изнесувала 35.017 денари. Во декември 2017 година, 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top