петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 74 ново

Есма Реџепова ќе добие споменик

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова Теодосиевска ќе добие споменик во Скопје. Ова прашање го актуелизираше пратеникот Амди Бајрам кој денеска на седницата за пратенички прашања побарал да се изгради споменик на гробот на Есма Реџепова.

Премиерорт Зоран Заев изјави дека делото на Есма Реџепова треба достоинствено да се одбележи. За ова, како што рече премиерот, владата има средства и ќе разговара со пратениците и со Фондацијата за зачувување на името и делото на Есма Реџепова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top