сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Донарума го одбрал својот нови клуб – На лето се сели во ПСЖ?

Големата голманска надеж на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Донарума, повторно е во центарот на вниманието на медиумите, а причината за тоа се поворно информациите за негово можно заминување од Милан.

Веќе неколку пати Џиџо е во дилема дали да остане во Милано, па поради тоа влегуваше во клинч и со навивачите, а по се изгледа пред нас е нова епизода. Според „Quotidiano Sportivo“ Донарума по крајот на актуелнава сезона го напушта Милан и се сели во Пари Сен Жермен, клуб кој не е задоволен од настапите на голманите Кевин Трап и Алфонсо Ареола.

Наводно разговорите меѓу агентот на Џиџо, контраверзниот Мино Раиола и ПСЖ, се во тек и треба да дадат позитивен резултат. „Светците“ воедно размислувале и за Алисон (Рома) и Јан Облак (Атлетико Мадрид), но првата цел и желба е 18-годишниот Донарума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top