сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 72 ново

Кога укинувањето и рушењето стануваат државна политика

Универзитетската професорка Тања Каракамишева, на нејзината фејсбук страница напиша што се укина, урна и забрани владата на СДСМ. Според напишаното евидентно е дека единствена политика на владата е рушење и укинување.

 

За 9 месеци владеење Владата на СДС и ДУИ само укинува, продава, руши. Криминалнава банда ги укина:

1. Екстерното тестирање

2. Појадокот на студентите во студентските домови

3. Дисперзираните студии надвор од Скопје

4. Кембриџ наставната програма

5. Задолжителните обуки за дообразување на докторите во странство

6. Познавање на англиски јазик кај докторите како задолжителен критериум за вршење на здравствена дејност

7. Наградата “23 Октомври”, позната како национална награда за денот на ВМРО

8. Титулата национален уметник

9. Линеарното зголемување на пензиите

10. Парите за реновирање на стариот објект на Драмски театар

11. Иницијативата “Ден на дрвото”

12. Името на аеродромот и на автопатот “Александар Македонски”

13. Ја укинаа националната историја и ја подведоа како заедничка категорија со бугарската историја

14. Го укинаа значењето на македонскиот јазик како државен, службен јазик со срамниот и неуставен Закон за јазиците

15. Го укинаа владеењето на правото со политичките местенки на патриотите да одговараат за тероризам, со монтираните случаи на СЈО против претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ

16. Го укинаа УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ

17. Ги укинаа сите уставни и законски одредби дека правото на работа е загарантирано согласно личниот квалитет и знаење, а не согласно партиското членување во СДС и ДУИ

18. Ги укинаа сите решенија за привремени вработувања и си донесоа свои партиски кадри, незаконски ги избркаа луѓето вработени во претходниот период, незаконски поставија илјадници членови на управни и надзорни одбори, директори на јавни установи

19. Ја укинаа категоријата професионална јавна и државна администрација

20. Го укинаа професионализмот, независноста и самостојноста на судството и на јавното обвинителство

21. Го укинаа (симнаа) Ќосето, Галиите, Македонската историја

22. Ги укинаа гаранциите дадени на претседателот Ѓорге Иванов за добивање мандат за Влада

23. Ја самоукинаа автоќефалноста на МПЦ-ОА, Гоце Делчев сигурно се превртува во гроб по заедничкото поклонение со бугарските свештени лица

24. Ги укинаа странските инвестиции

25. Ја укинаа изградбата на автопатишта низ Македонија

26. Ја укинаа македонската економија

27. Ја укинаа медиумската независност, слободата на мислата и говорот на новинарите и на граѓаните

28. Нека простат луѓето заборавени во набројувањето, знам дека ги има уште многу… 29. Останува уште да го укинат името на нашата РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! – напиша Каракамишева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top