вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Во април по неколкугодишна пауза повторно ќе се одржи Рок фест во МКЦ

На 27, 28 и 29 април во МКЦ ќе се одржи повторно манифестацијата Рок фест, која оваа година е во организација на Баги Комуникации. По неколкугодишна пауза, музичката манифестација „Рок фест“ повторно ќе се одржи во Скопје, овозможувајќи им на младите и неафирмирани бендови од Македонија да ја почувствуваат атмосферата што ја носи овој култен фестивал.

Покрај концертните настани, во рамките на фестивалот ќе има и голем број придружни содржини како што е изложбата на која ќе бидат поставени голем број фотографии, плакати, летоци од изминатите години, со што ќе се збогати целокупната програма.

Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи може да се пријават на rockfest.mk@gmail.com.

Пријавата треба да содржи: 

– име на бендот
– снимки од најмалку три авторски песни (не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка)
– стил на музиката што ја свири
– кратка биографија на групата
– имиња на членовите
– фотографија
– контакт-телефон, e-mail, фејсбук-страница или веб-страница

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top