недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 68 ново

Британската атракција „Тексас“ за прв пат на Балканот

Eдна од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS за прв пат доаѓа на Балканот! Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд наSKOPJE CALLING 2018 година.

TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: Say What You WantInner SmileI Don`t Want A LoverSummer SunIn Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top