сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 72 ново

Хрватски вина ќе се пијат на свадбата на Меган и Хари

Принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај 2018 година во дворецот Виндзор. Секојдневно се појавуваат нови детали за кралската церемонија, а сега наводно се знае и какво вино ќе пие кралското семејство и нивните гости, објави „24 сата“.
– Слушнавме дека принцот Хари и Меган ги сакаат нашите хрватски вина на венчавката. Многу сме почестени и ќе им ги испртаиме – изјавила Диана Спајиќ, маркетинг раководител на илочките подруми, пренесе „24 сата“.

Спалиќ додала дека испратиле вино и за венчавката на принцот Вилијам и војвотката Кејт и дека виното го пиеле и принцот Чарлс и војвотката Камила при посета на Хрватска.

„Дневик.хр“ бележи дека во Британија за кралската свадба ќе било испратено вино „траминец“ од 2015 година, но дека количините се уште не се дефинирани, а и дека со таа информација винарите не би излегувале во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top