недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Кога ми е тешко, тој ми доаѓа на сон – емотивна исповед на Цеца, 23 години од венчавката со Аркан!

Цеца Ражнатовиќ и покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари го изговорија судбинското да, а Аркан да не настрадаше трагично, годинава тие ќе прославеа 23 години брак.

Цеца по првпат на социјалните мрежи се присети на тој ден, објавувајќи нивна заедничка фотографија. Како што сега раскажува венчавката била планирана со месеци наназад, а таа не била мирна додека не ја упатиле во секој детал од организацијата.

-Имав само 22 години, а застанував пред олтар со човекот кој го сакав најмногу на светот. Мислев дека е целиот мој свет. Се беше како бајка. Жељко водеше сметка се да биде по план, додека јас со сестра ми се грижев околу деталите – раскажала Цеца.

Од Аркановата смрт минаа повеќе од 18 години, а Цеца тврди дека таква љубов веќе не и се повторила.

-Таква љубов, во мојот случај, нема веќе да се случи. Жељко мене ми беше центар на светот и се на оваа планета. Секој наш момент беше полн со љубов, среќа и насмевки. Чувството дека некој те сака со сето срце е нешто што се доживува само еднаш.Не дозволуваше ништо да ми недостига. За се се договаравме и зборуваваме -открила пејачката.

Таа вели дека неговата смрт е рана која никогаш нема да зацели.

-Жељко во моето срце има посебно место. Да бидам искрена, тоа е рана која никогаш нема да зацели и секој помен на него ми ги враќа моментите кога бевме заедно. Сега знам дека тогаш не бев свесна колку сум среќна. Солзите не можат да ми ги излечат длабоките рани на моето срце. Колку што беше голема љубовта, толку по неа остана голема тагата – искрена била Цеца.

-Една работа од неговата смрт не се промени, поточно од денот кога го убија, да секогаш кога ми е тешко тој ми доаѓа на сон. Така беше во секој тежок момент. Секој ја носи болката на свој начин, а јас мојата ја победив со чувањето на споменот на него и чување на чувствата кои тоаш сум ги имала – завршила Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top