вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Претставата „Го силуваме ежот“ утре на Мала сцена во Универзална сала

На малата сцена во Универзална сала утре со почеток во 20 часот ќе биде одиграна претствата „Го силуваме ежот“ во изведба на членовите на училиштето за театар „Од игра до претстава“.

,,Го силувавме ежот” е сатирична претстава за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократско општество, раскажано преку љубовна приказна на млад новинар и проститутка.
Претставата е работена како завршен испит на возрасната група ученици од училиштето за театар „Од игра до претстава“ и е авторско дело на ученикот Марјан Анѓеловски.
Играат: Јасмин Рамани, Петра Ивановска, Марјан Анѓеловски, Ристе Мицевски, Огнен Велевски, Ивана Стамевска, Сара Николовска, Елена Ѓорѓевска и Александар Јовановски.

МЕНТОРИ: Игор Ивковиќ – театарски режисер, Миодраг Костиќ – продуцент, Мики Анчевски -актер.

„Го силувавме ежот“ никого не остава рамнодушен. Претставата која говори за апсурдното владеење на еден режим во рамки на „демократско“ општество, не само што ќе ве насмее туку и ќе ве замисли. Билети за изведбата на 23.02.2018 (петок) 20:00ч. можете да резервирате на касата на Универзална сала секој работен ден од 12 до 20 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top