вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Лош настап на македонските олимпијци: Антонио Ристевски не ја заврши првата трка во слалом на ЗОИ

Антонио Ристевски, единствениот македонски натпреварувач во аплсо скијање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг не успеа да ја заврши првата трка во слалом што утринава се возеше и остана без пласман.

Дури 54 натпреварувачи не ја завршија трката од вкупно 106, кои се појавија на стартот.

Тој имаше солидно возење, а по третата мерна единица беше на 49. место, но кратко потоа излета од патеката. Условите за скијање повторно беа доста тешки со оглед на студеното време и подмрзнатата патека.

Ристевски не ја заврши трката и во велеслалом. Ова е трет настап на Ристевски на ЗОИ, а во Сочи пред четири години во слалом имаше одличен пласман на 28-то место.

Со настапот на Ристевски заврши учеството на Македонија на овие ЗОИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top