петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Не се откажува од црнките и пејачките – ова е новата девојка на Дарко Лазиќ!

Дарко Лазиќ веќе неколку недели ужива во романсата со Оливера Матијевиќ, згодна колешка од Хрватска, со која се запознал на еден настап.

Меѓутоа иако Оливера неколку пати го посетила Лазиќ во српската престолнина, тие не се подготвени да ја официјализираат романсата, бидејќи се уште го немаат дефинирано својот однос.

Дарко и Оливера се сретнале на приватна прослава на која пееле двајцата. Веднаш севнале искри, но ни таа вечер, ни наредните денови ништо повеќе не се случило меѓу нив. Размениле броеви и почнале да се допишуваат – изјавил извор упатен во случувањата.

 

Неговите пријатели упатени се во приказната, бидејќи Дарко отсекогаш бил искрен и не умееел да ги сокрие убавите работи. Факт е дека има симпатии кон Оливера и дека таа му возвраќа, но останува да се види дали нивната врска ќе стане сериозна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top