сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

И Милчин не му верува на Заев за името: Немам впечаток дека се прават сериозни консултации со луѓе експерти со чувство на одговорност


Додека претставници на Владата, предводени од премиерот Зоран Заев се шетаат и се среќаават како со грчки така и со меѓународни претставници говорејќи дека може да се реши спорот со името, нивниот близок партнер, поранешниот прв човек на Сорос во Македонија, Владимир Милчин не се согласува со нив.
Според него она што е најважно е да се прават консултации со релевантни експерти со чувство на одговорност. Но, вели тој, немам впечаток дека тоа се прави.
-Ние не смееме да направиме потег кој не е добро пресметан, ниту да се согласиме на нешто што ќе предизвика последици кои не сме ги предвиделе, анализирале. Јас немам впечаток дека во Македонија се прават сериозни анализи, консултации со луѓе кои се експерти со чувство на одговорност – рече Милчин во гостувањето на Ноќното студио на телевизија Телма.

Тој укажува дека треба да се внимава бидејќи Уставот е веќе еднаш променет и тоа под притисок на Грција.
-Уставот е еднаш променет во контекст на ова и тоа беше променет со притисок на Грција, за да се обезбеди да се избришат сите иредентистички елементи. Она што јас мислам дека е бесмислено. Зошто? Една Грција, земја членка на НАТО и ЕУ која не знам колку жители и војска има, и колкава територија, да глуми дека е загрозена од една државичка со 2 милини жители сиромашна, без море, вон НАТО и ЕУ, да говори за иредентизам е политичка идиотштина, тоа е политичка манипулација- заклучува Милчин.
Од друга страна премиерот Заев е во Германија, и имаше информации дека во целиот процес се вклучува и Германија. Но од Владата тоа го демантираат.

-Германија не се вклучува во процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција – изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Инаку тој има средба со Меркел која вчера непосредно пред посетатата на Заев имаше имаше телефонски разговор со Алексис Ципрас, а в петок ќе имаат средба во Брисел.
Заев пак изразува оптимизам дека до јули ќе биде пронајдено решение за спорот со Грција за името. Според него тоа се должи на повеќе фактори, премиерската средба, отворање на затворени прашања за кои 15 години не биле дискутирани, интензивни контакти на министрите за надворешни работи на двете земји.
Инаку сето она за што говори Заев за соработката со Грција за мерките за доверба за отворање на гранични премини е многу старо и не е промовирано од оваа влада. Сет мерки беа дефинирани во периодот на претходната Влада кога тогашниот премиер Груевски се среќаваше со грчкиот Јоргос Папандреу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top