петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Опсадна состојба во Подгорица: Први снимки на американската амбасада по нападот!(видео)

Непознат напаѓач синоќа по полноќ фрли бомба на амбасадата на САД во Црна Гора, за да непосредно по тоа се разнесе со бомба пред дипломатското претставништво.

Се уште не е утврден идентитетот на мажот кој се разнесе, а неговите остатоци се упатени на патологија.

По нападот, полицијата го блокираше Булеварот Револуција и забележливо е многубројното присуство на специјалци.

Зградата не е оштетена во нападот. Се чека полицијата да даде одговор кои се мотивите за овој напад, кој ги вознемири граѓаните на Подгорица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top