среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 82 ново

Го нема веќе Ќосето пред Врховниот суд (ВИДЕО)

Доцна ноќеска од пред Врховниот суд е отстранет споменикот на Андон Ќосето. На социјалните мрежи објавија видеа од вадењето на споменикот. Ова е првиот од спомениците за кој е утврдено дека се незаконски поставени.

Споменикот беше отстранет без најава, по налог на Град Скопје. Работниците кои учествувале во отстранувањето изјавиле дека споменикот ќе го однесат во магацините на поранешната фабрика „Металскиот завод Тито“, но засега нема официјална изјава од Градот.

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето е еден од петте „споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија“ кои беа поставени на 7 септември 2014 на различни локации во Скопје, во пресрет на 8 Септември кога се одбележуваше 23 години од независноста.

Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, во рамки на проектот „Скопје 2014“ во времето на градоначалникот Коце Трајановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top