понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама

Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека е разочарана од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста од обединување на Косово и Албанија. Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

– Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10­годишнината од независноста на Косово. Невнимателната реторика, со која се алудира на обединување, не е од помош и нанесува штета на односите на Албанија со соседите. Сите лидерите треба да бидат добри соседи и да се откажат од реториката од минатото, што создава поделби, се наведува на пораката објавена на Твитер.

Пораката е објавена на албански и на англиски јазик. Рама во неделата во Приштина изјави дека „Албанија и Косово ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии“.

– Зошто да нема дури и еден претседател како симбол на националното единство и заедничката национална безбедносна политика, наведе Рама на свечената седница на косовското Собрание по повод 10­годишнината од независноста на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top