понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Жбогар: ЕУ ќе продолжи да финансира проекти во Македонија

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самоел Жбогар, по средбата што ја имаше со градоначалникот на Дебар, Ружди Лата изјави дека ЕУ ќе продолжи да финансира проекти во Македонија.

– Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради тоа ЕУ ќе продолжи да финасира проекти во Македонија, а со тоа и во Дебар каде до сега исто така се реализирани повеке проекти кои се поддржани финасиски од страна на ЕУ, рече Жбогар.

Toj додаде дека Европската комисија на 6 февруари ја усвои Стратегијата за финансиска поддршка на земјите од Западен Балкан, за кои се предвидени 5оо милиони евра, со што и во Македонија ќе има бројни ефекти за социјално економски проекти.

Амбасадорот на ЕУ рече дека и во Дебар се спроведени проекти со финасиска подршка на ЕУ, како што се патот Дебар – Бањиште , потоа тротоарите кон Дебарското езеро и други. Тој додаде дека финансиската подршка за Дебар ќе продолжи и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top