вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Судска медицина – Солун: Калина и Александар починале во рок од еден час, причина за смртта е смрзнување

На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина кој за Телма ги потврдил форензичарот Леонидас Мармалакис.

– Миновски Александар, 10-ти февруари, околу 11 часот навечер. Тоа е заведено како време на смрт, истакнал Мармалакис, кој за времето на смртта на Калина рекол дека е истиот ден околу 10 (22) часот.

Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е смрзнување, потврдил форензичарот од судска медицина во Солун.

Во грчкиот институт не одговориле на прашањата на телевизијата дали двајцата планинари имале други повреди и скршеници, бидејќи во полицискиот извештај кој го објави Телма во понеделник стоеше дека Александар бил најден во 22 часот во свесна состојба, а спасувачите се обиделе со ремен да го извлечат, но тој им паднал во подлабока бездна и не можеле да го пронајдат.

Еден час по неуспешното спасување, Александар починал – утврдиле во солунската судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top