сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Ивор Мицковски за ветувањата на Заев за стечајците: Само шест месеци подоцна, која бурлеска!

За нереализирањето на ветувањата на актуелната влада, се огласуваат на социјалните мрежи и поранешни функционери, симпатизери на СДСМ. Еден од нив е и Ивор Мицковски кој во контекст на изигрувањето сега на стечајците пишува „само по 6 месеци, која бурлеска“.
Очигледно нема кој не е изигран од владата предводена од СДСМ. Согласно новиот новото законско решение на СДСМ од 1600 стечајци колку што ги има во Агенцијата за вработување, а се од Куманово, само 54 од нив добиле решенија за надомест.
Еве што ветуваше, односно збореше Заев пред шест месеци, а која е реакцијата сега.

Укажувања кои ги имало здружението на стечајци, не биле прифатени од министерството за труд и социјална политика.
-И покрај нашите сугерирања дека во Куманово повторно ќе бидат опфатени многу мал дел на работници, бидејќи ги знаеме состојбите во фирмите, од некои само за нив познати причини, во Министерството за труд и социјална политика не нè послушаа. Се потврди народната дека треба да послуша паталец, а не гаталец. Да се прифатеа нашите укажувања, тогаш немаше да дојде до ова одолговлекувања и караници меѓу стечајците. Стечајците во Куманово поминаа катастрофално, разочарани се и се чувствуваат изиграно, изјави Лилјана Георгиевска, лидерка на стечајците која важи за блиска до СДСМ во изјава за порталот Сдк.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top