понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

На Нов Зеланд падна снег среде лето

Циклонот Гита го погоди Нов Зеланд, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд во низините и снег на повисоките предели среде лето.

Ветровите дуваа со брзина до 140 километри на час, а во градовите паднаа повеќе од 200 мм дожд за само 18 часа, што претставува третина од годишниот просек.

Скијалиштето Коронет Пик, кое е на висина од околу 1.000 метри, е прериено со снежна покривка од 10 до 15 цм. Управникот на скијалиштето Рос Лоренс вели дека на некои места има и до половина метар снег, но очекува дека тоа нема долго да трае.

– Февруари е, Сонцето набрзо повторно ќе се појави, изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top