петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Тетово: Кршеле шишиња и чаши во ресторан, па претепале татко и син

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот С.С. и 30-годишниот С.Ѓ., двајцата од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Имено, на 01.01.2018 година околу 01:30 часот во Тетово на улица „Јане Сандански“ во угостителски објект пријавените, по претходна вербална расправија, физички ги нападнале 42-годишниот Љ.Т. и неговиот 17 годишен син, двајцата од Тетово, при што им нанеле телесни повреди во пределот на главата и телото, а потоа почнале да кршат шишиња и чаши во објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top