среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Арнаудов, Дамовски и Илиевски одат во домашен притвор

Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка, објави телевизија „Телма“. Скопска апелација ги прифатила нивните жалби и им ја преиначила мерката притвор во домашен притвор а истовремено да им се одземе и пасошот, потврдија од судот за Телма.

Освен за овие тројца осомничени во истрагата за 27 април, апелација им определила куќен притвор и одземање на пасошот на Јане Ченто, кој вчера на јавна сендица побара да излезе од притвор, Иван Цветановски кој работел во кабинетот на Велјановски и Оливер Радулов од УБК.

За други шестмина осомничени за крвавиот четврток, скопска апелација ги потврдила мерките определни од Кривичниот суд. По вчерашната јавна седница скопска апелација одлучила екс министерот за внатрешни Митко Чавков да остане во притвор, Јохан Тарчуловски во домашен притвор, Горан Ангеловски,  Илија Славевски од патриотските здруженија да останат во притвор а отфрлени се жалбите и на Сашо Марковски и Вилијам Михајловски.

За најмногу една седмица кривичниот суд треба редовно да сеп роизнесе за мерките на осомничените за 27 април  за 4 месец од отворената истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top