сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Во Мадрид договорен вториот најголем трансфер во историјата!

Првата понуда наводно била одбиена минатата недела, втората е прифатена. Сега се е на играчот!

Според пишувањата на шпанските медиуми, најголемото засилување на Реал Мадрид за идната сезона е веќе завршено!

Минатата недела Тотенхем одбил понуда од 200 милиони евра која вклучувала бонуси во висина од 25 милиони, но Реал прифатил веднаш да плати 180, а бонусите да бидат врзани за голови и настапи, односно да бидат клаузули кои се лесно остварливи.

Според тврдењата на новинарот Еуадрдо Инда, Даниел Леви го прифатил предлогот на Перез и го остави Кејн да одлучи.

Како сега стојат сега работите, Англичанецот ќе биде израмнет според примањата со Роналдо, што значи дека Бејл најверојатно си заминува. Тотенхем сака да го вклучи Велшанецот во целата работа, поточно прифаќаат тој да биде дел од споразумот, но за такво нешто нема шанси бидејќи Бејл ако веќе си заминува сака да оди во Јунајтед, евентуално во Челзи.

Токму тој би можел да биде дел од трансферот околу преоѓањето на Куртоа од Челзи во Мадрид. Белгискиот голман и синоќа рече дека има понуда, дека му се отворени вратите од Реал, но и дека се прашува и Челзи.

Но, тие 200 милиони за Кејн се само почеток.

Реал ќе ги продаде Бензема, Бејл, веројатно и Иско, со цел да се доведат нови играчи. Сигурно е дека доаѓа Одриозола, десниот бек на Сосиедад, а промени ќе има веројатно и во средниот ред каде клубот би можеле да го напуштат Ковачиќ, но и Модриќ.

Но, се започнува од Кејн кој најверојатно ќе го предводи нападот на „Лос Бланкоси“ следната сезона, а овој трансфер секако значи дека од доаѓањето на Нејмар, барем додека Роналдо е во клубот, нема ништо…

Трансферот на Кејн во висина од 200 милиони би бил вториот најголем во историјата, веднаш зад Нејмар.

sportclub.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top