сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Што доби Македонија со преименување на аеродромот и автопатот

Македонија ништо не доби со преименување на аеродромот и автопатот, изјави за време на вечерашното гостување во „Отворено“ на 24 Вести лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во повеќе наврати претседателот на најголемата опозициска партија ги потенцира различните ставови и изјави помеѓу коалиционите партнери во владата и разликите во изјавите помеѓу грчката и македонската страна во преговорите со името.

Според Мицкоски јавноста не може да дојде до заклучок за успешноста на преговорите и вистината за кои ги предводи владата на СДСМ кога Заев вели дека за три точки е постигнат договор, а грчката страна односно Коѕијас вели дека нема никаков договор. Различни информации во јавноста кружат и околу имплементација на можното решение на проблемот односно дали за можното решение ќе има референдум или нема да има. Различни владини претставници имаат различен став по ова прашање, а и самиот Заев во повеќе различни наврати го менува својот став под однос на прашањето на спроведување на референдум. Последниот предлог за ова прашање од страна на премиерот е дека решението може да биде имплементирано веднаш, а референдумот би бил одложен после склучувањето на договорот со Грција.

Заев е конфузен и во однос на својот став за промена на Уставот на државата. Тој на прес конференција истакна дека за македонската влада е прифатливо име со географска одредница , но земајќи го во предвид ставот на грчката страна за решение кое ќе биде ерга омнес односно име за севкупна употреба дали со тоа македонската страна дефакто прифати промена на уставот: Во друг наврат пак Заев вели дека не се преговара за идентитетот и не е прифатлива промена на уставот.

За разлика од владата, опозицијата е конкретна во своите ставови дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставот со цел промена на уставното име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top