вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Поддржуваат референдум, па се премислуваат, лиферуваат со разни црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ 24 ја коментираше какафонијата која се случува во јавноста во однос на црвените линии на владата предводена од СДСМ. Тој вели дека информациите за преговорите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, а се предводени од владата на СДСМ се оние кои ги има во јавноста и медиумите. На лидерската средба на државниот врв се разговарало за сетот на идеи кои ги предложил Нимиц, но не и за разговорите кои се одвиваат тајно.

-Според Мицкоски владата и нејзините функционери се конфузни во однос на црвените линии кои ги има Македонија и имаат различни ставови, односно нема консензус ни во владата. Заев на неофицијална средба се залагал за одложен референдум, а во јавноста вели оти се залага за референдум. Се лиферува со можни црвени линии на штета на националните интереси на Македонија. Процесот на преговори во овие моменти се претвора во игра на меѓусебни обвинувања помеѓу двете страни, додаде тој.

Да се потсетиме, во изминатиот период во повеќе наврати високи државни функционери на ДУИ изјавуваа дека прашањето за името може да се реши без референдум. Бујар Османи изјави оти референдум за името нема да има, Ахмети пак за грчки Катимерини побара да има решени за името сега, без референдум по моделот на договорот со Бугарија. Талат Џафери иако е претседател на македонското собрание и втор човек во државата беше нај екстремен во изјавите и истакна „Нова Македонија е прифатливо име – нема потреба од референдум, Собранието има легитимитет да одлучи за името“.

Доколку ја земеме во предвид и изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за различните официјалните и неофицијалните ставови по однос на референдум на Заев, очигледно владата нема јасен став за македонските црвени линии во однос на ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top