среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 82 ново

Немој да се ракуваш толку силно, никој нема да те побара за жена – Берлускони и порача на новинарка

Поранешниот италијански премиер и претендент за нов мандат на парламентарните избори, Силвио Берлускони, ѝ упати совет на новинарка од Би-би-си да се ракува помалку енергично доколку сака да се омажи.

На видеото што го објави Би-би-си се гледа дека по ракувањето, Берлускони ѝ дава совет на новинарката што дошла да го интервјуира.

-Немој толку силно да се ракуваш. Во спротивно мажите ќе помислат: ‘Оваа ќе ме претепа, па никој нема да сака да те побара за жена. Мажена ли си? Ќе видиш. Биди внимателна’ – рече Берлускони.

Кога новинарката му возврати дека верува оти силниот стисок е добар, Берлускони ѝ рече дека се шегува.

-Се шегувам. Мора да се пошегувате понекогаш- рече тој.

Поранешниот премиер смета дека не е време за политичка пензија и верува во неговото враќање во арената откако преживеа речиси 30 судски процеси, пресуди за затајување данок, секс-скандал со малолетничка и тешка срцева операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top