вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Мицкоски: Луѓе се во притвор поради притисок кон ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на 24 Вести зборуваше за пратениците од неговата партија кои моментално се наоѓаат во притвор.Вели ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема.

– Од контактите со нивните семејства, знам дека нема докази за луѓето кои што се во притвор. Законот е јасен, притвор се определува ако постои сомнеж дека некој ќе избега, дека ќе го повтори кривилчното дело, вели Мицкоски.

Тој проговори и за обвинението за тероризам против приведените за настаните на 27 април.

-Имаме обвинение за тероризам и акт против Уставот бидејќи давал мимики и ишарети. За тероризам и акт против Уставот. Македонија во моментов е држава со најголем број терористи по жител. Семејствата на побвинетите велат дека докази нема. Ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема. И тука, секој кој што сака да спори со таа намера, не е чесен. Не само што притисокот не престанува, туку интензитетот на притисок се зголемува. Не престануваат тие притвори, без докази. Апослутно сум против мерката притвор да се злоупотребува, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top