недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 69 ново

Змијанац: „25 Мај“ е регрутен центар за малолетничка проституција

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во дебатна емисија на Телма го нарече домот „25 Мај” регрутен центар за малолетничка проституција, ситуација што трае со години.

Според него недостига кривична одговорност, а Јавниот обвинител не треба да чека дојава за да покрене постапка. Исто така и  Народниот правобранител треба да ги преземе поструктурирано работите, а не само да алармира туку и да преземе кривично гонење.

-Тоа што се споени „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ е дефект. Од една страна имаме  деца со проблематично однесување, од друга деца со воспитно-социјално проблеми. Јас не ги аманестирам од лична одговорност министерката, директорот на Центарот за социјални работи, директорот на домот. Состојбата во „25 Мај“ се случува во   континуитет, односно подведувањето на децата од вработените, проституција… И сѐ додека нема одговорност, ова ќе се повтрорува, посочи Змијанац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top