среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Џенаро Гатузо: Лесно е да се биде тренер на овој Милан

Џенаро Гатузо е еден од најзаслужните за добрата форма на Милан во последните два месеци, но италијанскиот стратег упорно комплиментите ги насочува кон своите фудбалери. „Росонерите“ пред десет кола заостануваа дури 18 бода зад Интер, а сега негативата во однос на градсскиот ривал е намалена на само седум бода, па тимот на Гатузо со право се надева дури и на искачување на четвртата позиција.

– Сите ми велат браво, но во моментов е многу лесно да се биде тренер на Милан. Ова се квалитетни фудбалери и добри момци, само им требаше некој за да се појави искра, да се загреат и работите да тргнат на подобро. Јас ја имам најголемата можна сатисфакција – играчите го прават сето она што како тренер ќе го побарам од нив, истакнал Гатузо по вчерашната победа над тимот на Сампдорија од 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top