петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

„Сити Парк Бојс“ нападнати од „Лозари“ – Детали за тепачката на финалето во Кавадарци

Инцидентот што изби за време на Куп-финалето меѓу екипите на МЗТ Скопје и Работнички, на трибината на која беа сместени навивачите на најтрофениот кошаркарски колектив „Сити Парк Бојс“, е поради пропуст на безбедносните служби. Навивачите на МЗТ Скопје, „Фемили Аеродром“ се на едната трибина, додека „ЦПБ“ се сместени на спротивниот дел од салата, а инцидентот изби за време на првиот период и следеше мал прекин.

Гостите од Скопје се сместија во салата, но сепак, поради пропуст на полицијата на трибината, велат дека биле нападнати од група на „Лозари“, навивачи на Фени Индустри, кои никако не смееја да бидат сместени во нивна близина.

Домаќините се обиделе да им одземат навивачки реквизит на скопјани, по што настанал хасоот. Полицијата и специјалните единици брзо ја смирија ситуацијата и за среќа дербито продолжи во нормален тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top