сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Инцидент на финалето во Кавадарци: Изби тепачка на трибината на „Сити Парк Бојс“ (фото)

За време на финалниот меч од Купот на Македонија меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, изби инцидент на трибините каде беа сместени навивачите на најтрофејниот кошаркарски клуб, популарните „Сити Парк Бојс“.

Поради засега непознати причини, изби тепачка на една од трибините, по што мораше да интервенира полицијата и специјалните служби. Куп-финалето одреден момент беше во прекин, а од разгласот предупредија дека ако инцидентот се повтори, трибината ќе биде испразнета.

Предупредување добија и „Фемили Аеродром“, кои запалија пиротехника, дека во случај повторно да запалат, нивната трибина ќе се празни.

(извор – Гол.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top