сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 25 ново

Саудијките добија право да отвораат свои фирми

Саудиските жени сега имаат право да отвораат сопствени бизниси, без да бараат согласност од старателот од машки пол, соопшти владата, која се надева дека на тој начин ќе го стимулира приватниот сектор.

– Сега жените можат да основаат сопствени бизниси и да ги користат интернет услугите (на владата), без да е потребно да докажуваат дека имаат согласност од свој старател, објавено е на сајтот на Министерството на трговијата и инвестициите.

Досега Саудијките требаше да достават доказ дека имаат дозвола од свој старател од машки пол (најчесто сопруг, татко или брат), за да можат започнат со административната процедура.

Од минатата година, влијателниот 32-годишен саудиски престолонаследник Мохамед бин Салман спроведе серија реформи за стимулирање на учеството на жените во јавниот живот. Целта е до 2030 година процентот на вработени жени во Саудиска Арабија да порасне од сегашните 22 на повеќе од 30 проценти.

На 12 февруари обвинителството во Ријад соопшти дека има намера, по првпат во својата историја да назначи жени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top