сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

По МекДоналдс, и Кока кола паѓа во криза

Компанијата соопшти дека загубата е резултат на измените во даночната политика, што ги спроведе Администрацијата на американскиот претседател Трамп.

Американската компанија „Кока Кола” соопшти дека во четвртиот квартал од минатата година остварила загуба од 2,76 милијарди долари, како резултат на зголемните даночни обврски.

Во соопштението на компанијата со седиште во Атланта се наведува дека како резултат на измените во даночната политика, што ги спроведе Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, нејзините даночни обврски се зголемиле на 3,6 милијарди долари.

Паралено со загубата, „Кока Кола” во истиот квартал забележала и пад на приходите за 20 отсто на 7,51 милијарди долари. Сепак, овој приход е поголем од оној што ја предвидуваа аналитичарите од 7,36 милијарди долари.

Но, и покрај објавениот пад на профитот и на приходите, акциите на „Кока Кола” пораснаа за 28 центи, на 45,06 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top