вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 109 ново

Голем пожар во центарот на Лондон (фото)

Во центарот на Лондон синоќа избувна голем пожар, за чие гаснење на противпожарната служба и беа потребни неколку часа. Полицијата соопшти дека при пожарот, кој избувна во зграда во фаза на реконструкција во близина на квартот Сохо, нема загинати или повредени лица.

Во гаснењето на огнот биле вклучени над 50 пожарникари со десет противпожарни возила.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, полицијата ги евакуираше присутните во околните објекти, бидејќи во опожарената зграда имало поголем број плински боци, кои претставувале потенцијална опасност да предизвикаат експлозии.

Причините за пожарот засега не се познати, а нема податоци ниту за предизвиканата материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top