сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Тачи: Прогласувањето на независноста беше најсреќниот момент за нашиот народ

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека денот во кој регионалниот парламент во Приштина прогласи независност бил најсреќниот момент за нив како народ.

Денеска и утре Косово одбележува 10 години од прогласувањето на независност со решение на локалниот парламент од 17 февруари, во 2008-та година.

По повод свеченостите, повеќе косовски знамиња се развејани низ цела Приштина, а главен настан е вечерашниот концерт на британската пејачка Рита Ора, која по потекло е од Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top