вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Курц: САД се повлекуваат од сцената, а Кина ја пополнува празнината

САД имаат економска моќ како никогаш досега, но се повлекуваат од светската сцена, па сега Кина ја пополнува таа празнина во политичка и економска смисла, изјави денеска во Минхен австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој нагласи дека во светот дошло до „очигледна промена“ на глобалната рамнотежа на силите, а во такви услови Европската унија е парализирана поради „прилив на прописи“.

– За да обебзедиме мир во ЕУ, уште одамна се ослободивме од границите, но без соодветна заштите на надворешните граници тие граници се во опасност, изјави Курц во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Во такви услови, според Курц, реалност станува она што до неодмана изгледало незамисливо – повторни контроли на границите во ЕУ.

– Само доколку ние решаваме кој може да дојде кај нас и само ако самите ги штитиме границите, можеме да бидеме сигурни дека во иднина ЕУ ќе биде без внатрешни граници, порача Курц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top