понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

МВР со детали за инцидентот во Бутел: Повредени четири лица, еден приведен

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за пукањето попладнево во Бутел на улицата „Бетовенова“,

Од МВР информираат дека денес во 14.50 часот дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

-Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д., информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека на лице место е пронајден пиштол и две чаури.

-Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир. Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top