петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

Две лица загинаа, три се тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод

Две лица загинаа, а три се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот и 55 минути на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени.

Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло при судир на три возила, патничко возило „лада самара“ со битолски регистарски таблички во кое биле три лица, од кои едно женско лице на возраст од 66 години починало на лице место, потоа патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички и товарно моторно возило марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички во кое бил само возачот. Во сообраќајката загинал и 69-годишниот маж кој го управувал мерцедесот.

Загинатата жена е Зорица В. од село Добромири, битолско, а загинатиот возач на мерцедесот е 69-годишниот Муса М. од село Лажани, Долнени.

Според обвинителството, до несреќата најверојатно дошло кога мерцедесот, кој се движел кон Прилеп, се судрил со товарното возило кое доаѓало од спротивен правец, по што ја удриле и ладата.

Патниот правец е во прекин. Возилата се пренасочуваат по споредни патишта, а во моментот се уште увид прават прилепската полиција, основен јавен обвинител, а на теренот се екипи на Противпожарната единица од Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top