понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Еве што се крие зад разводот на Емина и Мустафа и деталите за кои сите молчат!

Пејачката Емина Јаховиќ јавно соопшти дека ставила точка на 13 години долгиот брак со Мустафа Сандал.

Тие двајцата во последно време морале да глумат идеален пар од една причина.

-Имено Мустафа во Турција има добар имиџ на семеен и чесен човек, што на годишно ниво му носи огромни суми на пари, со оглед на тоа дека го ангажираат за реклама најсилните компнаии. Доколку неговата слика во јавност би се расипала, тој не би бил пожелен како заштитно лице на брендовите кои финансиски го одржуваат. Тоа во голема мера би ја уништило неговата кариера на пејач и продуцент, бидејќи тамошните медиуми би го презреле, а тоа повторно би влијалеео на паричниот прилив на неговите сметки – рекол извор близок на парот.

-Ниту на Емина не и одговара овој развод да добие епилог на суд бидејќи освен српскиот пазар планира да го освои и турскиот, а на него не би имала шанса како поранешна сопруга на Мустафа Сандал. Од друга страна нивните синови Јавуз и Јаман навикнале на луксузот кој им го пружал нивниот татко, а од кој би морале да се откажат ако неговата работа трпи. Како би ги заштитила синовите и себе си, таа решила да молчи за разводот, што му одговара и на Мустафа кој како нејзин сопруг запознал многу пејачи од ова поднебје и остварил контакт со нив, како би им продуцирал албуми. Тие двајцата се одлични бизнисмени и многу свесно молчеа за несогласувањата, бидејќи така им одговараше. На тоа ги посоветуваа менаџерите и адвокатите, што тие без дискусија го прифатија – додал изворот.

Сепак изгледа несогласувањата беа преголеми и нивнниот брак сепака пукна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top