сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Брза помош мораше да чека да помине бугарската делегација (ВИДЕО)

Денеска во Скопје и возило на Брза помош мораше да чека на семафор за да помине политичката делегација. Денеска во посета на главниот град е бугарскиот претседател Румен Радев. Видеата и фотографиите кои беа објавени од граѓани предизвикаа револт на социјалните мрежи со коментари дека МВР не смеела да дозволи ваква ситуација.

Во еден момент Брзата помош самоиницијативно тргнува, најверојатно заради ургентност, па полицаецот е приморан да ја пресече колоната со делегацијата и да го пропушти возилото.

„Кој има предност? Дали е поважна делегацијата или нечиј живот“, се само некои од коментарите по објавувањето на оваа снимка.

Но, секако има и такви нестрпливи, еден од автомобилите кои чекаа го искористи моментот и заедно со брзата помош помина, и покрај напорите на полицаецот возилото да биде сопрено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top